Дома Фудбал Горецка договори трансфер во Англија!

Горецка договори трансфер во Англија!

Истакнатиот германски играч од средниот ред Леон Горецка (31) ова лето стана слободен агент по истекот на договорот со Баерн Минхен, клуб во кој ги помина последните осум години.

Горецка не успеа да постигне договор со управата на Баерн, па одлучи да го напушти клубот, а денеска Фабрицио Романо откри дека неговата кариера продолжува во Англија.

Како што потврди Романо, Горецка наскоро ќе потпише договор со тимот на Астон Вила, кој ова лето изгуби неколку од своите најдобри играчи како Јури Тилеманс и Морган Роџерс, додека на излезна врата се и Оли Воткинс и Емилијано Мартинез.

Горецка ќе биде значајно засилување за Бирмингемскиот клуб, а особено позитивно е што доаѓа без никаква отштета.

Горецка го помина целиот досегашен дел од кариерата во Германија, почнувајќи во екипата на Бохум, потоа во 2013 година се пресели во Шалке на возраст од 18 години, а во 2018 година Баерн го донесе исто така како слободен играч.

Во дресот на Баернот одигра 312 натпревари, постигна 51 гол и оствари 53 асистенции, а исто така е дел од германската репрезентација со 73 настапи и 15 голови во дресот на Елф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва никој не го очекуваше: Џошуа Зиркзе пред изненадувачки трансфер!

Јошуа Зиркзе би можел до крајот на преодниот рок да го напушти Манчестер Јунајтед, но него…