Дома Фудбал Арсенал утрово испрати спектакуларна понуда за Хулијан Алварез

Арсенал утрово испрати спектакуларна понуда за Хулијан Алварез

Арсенал направи последен обид да го донесе Хулијан Алварез, а според информациите што ги објавува „Спорт“, лондонскиот клуб понудил многу интересен пакет за аргентинскиот напаѓач.

Алварез преку целото лето беше голема желба на Барселона, но Атлетико Мадрид не сакаше да отвори врати за трансферот во каталонскиот клуб зашто го смета за директен конкурент и не сака дополнително да го зајакнува ривалот.

Токму поради тоа Арсенал сега се појави како опција која му одговара и на Атлетико Мадрид, бидејќи според информациите на „Спорт“, токму лондонскиот клуб во моментов е „преферирана дестинација“ за аргентинскиот напаѓач.

Шпанските извори наведуваат и дека Атлетико практично ги затворил вратите за можен трансфер на Алварез во Барселона, додека сè повеќе работи упатуваат на неговото заминување во Англија.

Според тие информации, Арсенал е подготвен да понуди дури 80 милиони евра, но ни тоа не би било крај на целиот пакет што го подготвуваат за Атлетико.

Имено, во потенцијалниот трансфер сакаат да го вклучат и Виктори Ѓокереш, кој минатото лето пристигна на Емирати од Спортинг за 60 милиони евра.

Ваква размена би можела да биде многу интересна за двете страни, особено ако Арсенал го добие Алварез, додека Атлетико би добил напаѓач кој би можел да ја пополни големата дупка во нивниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас потпиша за Аталанта и веднаш испрати порака до навивачите! (Видео)

Елиф Елмас и официјално го комплетираше изненадувачкиот трансфер во Аталанта. Македонскиот…