Дома Фудбал Жоао Педро не оди никаде!

Жоао Педро не оди никаде!

Бразилскиот напаѓач Жоао Педро официјално го продолжи својот договор со Челси до 2034 година.

Овој 24-годишен играч се приклучи на клубот од Стемфорд Бриџ минатата година, доаѓајќи од Брајтон. Во својата прва сезона за „сините“, успеа да постигне 20 гола во сите натпревари.

„Пресреќен сум што го продолжив договорот со Челси. Отсекогаш сонував да играм за голем клуб и многу ми значи што сум верен на оваа екипа“, изјави тој.

Тој додаде дека сите со нетрпение ги очекуваат претстојните натпревари во првенството.

„Знаеме дека можеме да постигнеме многу. Имаме одличен тим, а и тренер кој сака и може да победува“, порача Педро.

За потсетување, претходно Жоао Педро се спомнуваше како можна алтернатива за Јулијан Алварез во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најлудиот потег на Мурињо ова лето: Бисерот на Барселона како „одмазда“ за Родри!

Реал Мадрид не заврши со засилувањата ова лето. До крајот на преодниот рок кралскиот клуб …