
Реал Мадрид не заврши со засилувањата ова лето. До крајот на преодниот рок кралскиот клуб би можел да се засили со шпанскиот играч за врска Нико Гонзалез.
Детето на Барселона, бисерот на Ла Масија Нико Гонзалез, би можел да стане нов член на Реал Мадрид.
Според информациите што доаѓаат од Шпанија, Жозе Мурињо сака да делува на пазарот и да донесе уште еден играч за врска и смета дека Нико Гонзалез би бил многу добра опција.
Родри требаше да биде тој што ќе го води средниот ред на Кралевите. Меѓутоа, најголемиот ривал Барселона го украде од пред носот на кралскиот клуб, па сега Специјалниот би сакал да возврати со некаква одмазда.
Доведувањето на бисерот на Барса, момчето кое поголем дел од животот го помина во дресот на каталонскиот клуб, сега стана приоритет и ќе видиме дали 24-годишникот ќе се согласи на понудата од Реал.