Дома Фудбал Oва никој не го очекуваше: Џошуа Зиркзе пред изненадувачки трансфер!

Oва никој не го очекуваше: Џошуа Зиркзе пред изненадувачки трансфер!

Јошуа Зиркзе би можел до крајот на преодниот рок да го напушти Манчестер Јунајтед, но неговата следна дестинација можеби нема да биде Италија, кадешто во последните месеци често се поврзуваше со можен повраток.

Холандскиот напаѓач сè уште е член на Манчестер Јунајтед, но по доаѓањето од Болоња не успеа да се избори за статус на стандарден првотимец на Олд Трафорд.

Зиркзе има одиграно 75 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања и постигнал само девет голови, поради тоа се сè погласни зборувањата за неговото заминување.

Според информациите на Фабрицио Романо, постои интерес од италијански клубови за неговите услуги, но се појави и една многу интересна опција од самата Премиер лига.

Романо откри дека Астон Вила го контактирала Манчестер Јунајтед за да се распраша за можноста за доведување на 25-годишниот напаѓач.

За сега нема пристигнато официјална понуда, ниту се отворени конкретни преговори, туку станува збор за прв контакт помеѓу двата клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем гест на Гави: Ќе изгради 150 домови во неговото родно место

Младиот играч на средина на теренот од Барселона и репрезентативец на Шпанија, кој пред ед…