Дома Фудбал Флик даде „зелено светло“: Барселона носи играч кој никој не го очекуваше во дресот на овој клуб

Флик даде „зелено светло“: Барселона носи играч кој никој не го очекуваше во дресот на овој клуб

Ханси Флик донесе одлука која ќе ги изненади сите навивачи на Барселона, a станува збор за нов трансфер во овој клуб.

Сите навивачи на Барселона очекуваат развој на сагата околу Џулијан Алварез, но и доаѓањето на ново засилување доколку Барселона не успее да го доведе споменатиот Аргентинец.

Ханси Флик донесе одлука Барселона да доведе играч кој апсолутно никој во овој момент не го гледаше во дресот на овој тим.

Барселона до крајот на трансфер периодот може да доведе уште еден стопер, а според информациите кои ги носи Спорт, меѓу играчите кои одговараат на профилот на каталонскиот клуб се наоѓа Ајмерик Лапорт.

Сепак, евентуалниот трансфер од Атлетик Билбао во моментот изгледа многу тешко остварлив, поради што Барселона мора да разгледува и други опции на пазарот.

Каталонскиот клуб сака дополнително да ја засили последната линија, но конечната одлука ќе зависи и од тоа колку пари ќе се потрошат на доведувањето на напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карим Бензема за својата иднина: „Ќе останам во Ал Хилал“

Карим Бензема стави крај на шпекулациите за својата иднина и потврди дека планира да остан…