Дома Фудбал Останато Чеферин: Некој може да зборува што сака, но идејата за Суперлигата заврши

Чеферин: Некој може да зборува што сака, но идејата за Суперлигата заврши

Претседателот на УЕФА имаше интервју за српската телвизија „Спорт Клуб“, интервјуто ќе биде емитувано денес од 18:15 часот, а сега е објавен дел од него.

Секако една од темите беше идејата за Суперлигата и потврди дека последици за одредени клубови сигурно ќе има.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали бил планиран состанок со претставниците на клубовите од Суперлигата?

„Со оние кои признаа дека погрешија веќе комуницирав. Оние кои планираа да го напуштат целиот фудбалски систем мораат да дојдат кај нас. Ќе има тука некои последици, но сега не е време да зборувам за тоа“.

Битката е добиена, но Флорентино Перез не се откажува од идејата.

„Војна е тежок збор, нема такво нешто. Сигурен сум дека таа идеја заврши. Некој може да зборува што сака, но до создавање на Суперлига нема да дојде. Секој ќе мора да ги сноси последиците за својот дел, но на крајот фудбалот ќе се игра нормално, се надевам што побрзо и со навивачи“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…