Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин смета дека Германија е главен фаворит за освојување на Европското првенство.
Германците турнирот го отвораат во петок со натпреварот против Шкотска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Разговаравме со пријателите и веќе им кажав. За мене Германија е најголем фаворит. Во последните години не им одеше, но сега играат пред својата публика и имаат добар тим“, изјави Чеферин.
Покрај Германија издвои уште три репрезентации.
„Тука се Франција, Англија и Португалија како селекции со добри шанси. Никогаш не треба да ја потцените и Шпанија. Од позадина своја шанса би можеле да чекаат Хрватска, Белгија, Холандија, па и Данска“, смета Чеферин.