Како што стојат работите од денеска нови членови на лондонскиот клуб ќе бидат тренерот Маурицио Сари, и играчот на Наполи, Жоржињо.
Сари одамна е желба на Роман Абрамович кој овој стручњак го гледа како идеално решение за својот тим. Иако на крајот од сезоната доби отказ од Наполи, Сари остана под договор и Челзи за него мора да плати оштета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот сепак дојде до договор. Скај Спорт Италија тврди дека Сари доаѓа во пакет со Жоржињо, а вкупната вредност на трансферот е 65 милиони евра.
Жоржињо беше блиску до потпис со Манчестер Сити. Сепак, на крајот веројатно ќе заврши во Лондон.