Дома Топ вести Хаос во Барселона: Кеси и Кристенсен може да си заминат гратис

Хаос во Барселона: Кеси и Кристенсен може да си заминат гратис

Еминентниот „ЕСПН“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Франк Кеси и Андреас Кристенсен може да си заминат гратис, иако пристигнаа пред само еден месец.

Имено, Кеси и Кристенсен пристигнаа како слободни агенти од Милан и Челзи и потпишаа 4-годишни договори, но Барселона се уште не може да ги регистрира новите засилувања.

Како што е познато, клубот има големи финансиски проблеми, особено со буцетот за плати, па не може да ги регистрира во Ла Лига новите засилувања.

Кеси и Кристенсен имаат клаузули во договорите кои ги ослободуваат да си заминат без обештетување, доколку не бидат регистрирани до првиот меч во сезоната, односно до сабота 13 август.

Барселона утре ќе има состанок со нивните агенти и ќе се обиде да избегне таква разврска, бидејќи е јасно дека до сабота нема да можат да бидат регистрирани и нема да бидат во конкуренција за првиот меч од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Халанд блескаше, Сити го прегази Јунајтед🎥

Манчестер Сити го прегази и посрамоти градскиот ривал Манчестер Јунајтед во дербито на кол…