Дома Останати Авто Мото Хамилтон станува газда на НФЛ тим

Хамилтон станува газда на НФЛ тим

Новиот газда на НФЛ-тимот Денвер бронкс, Роб Волтон потврди дека еден од ко-сопствениците е седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.

Заедно со Хамилтон, во раководството ќе биде вклучена и поранешната државна секретарка на САД, Кондолиза Рајс.

„Воодушевени сме од тоа што Сер Луис Хамилтон, повеќекратен шампион во Ф1, ќе биде дел од нашата структура“, кажа Волтон.

Волтон стана газда на Денвер во јуни за сума од 4,65 милијарди долари, а тоа е рекорд, откако претходниот го имаа Бруклин нетс од НБА-лигата, кои беа продадени во 2019 година за 3,2 милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Скандал во Ф1, може да му биде одземена титулата на Верстапен

Најбрзиот возач минатата сезона во Формула 1, Макс Верстапен би можел да остане без шампио…