Дома Фудбал Андер Ерера се врати и ќе ја донира цела плата

Андер Ерера се врати и ќе ја донира цела плата

Андрер Ерера, некогашен фудбалер на Атлетик Билбао и Манчестер Јунајтед, летово беше без клуб, но конечно најде нов ангажман. 

По завршувањето на неговата авантура во Бока Јуниорс, Ерера реши да се врати таму каде што сето тоа започна – во Сарагоса, градот каде што помина значителен дел од својот живот. 

Од 2001 година беше член на овој клуб до 2011 година, кога замина за Билбао. Потоа играше за Манчестер Јунајтед, Париз Сен Жермен, повторно за Билбао и на крај за Бока Хуниорс. 

Овој 37-годишен фудбалер ќе настапува за минималната плата од 25 илјади евра, којашто во целост ќе ја донира на клубот. 

Се предвидува неговото деби да биде веќе во недела, кога тимот ќе се натпреварува на гостински терен против Ѓимнастик де Тарагона. 

Оваа сезона, Сарагоса се натпреварува во третата лига и ќе се обидат брзо да се вратат во Сегунда, а со Ерера во тимот, нивните шанси дефинитивно ќе бидат зголемени. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даниел Малдини блеска во Каљари, трансферот може да стане обврзувачки

Даниел Малдини е во одлична форма за Каљари и наскоро може да стане трајно засилување. …