Дома Фудбал Легендата на Ливерпул е пред банкрот поради неподмирен даночен долг

Легендата на Ливерпул е пред банкрот поради неподмирен даночен долг

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и англискиот репрезентативец, а денес телевизиски аналитичар Џејми Карегер, е пред прогласување на банкрот поради неподмирен даночен долг кој, според извештаите, изнесува помеѓу 700.000 и 800.000 фунти.

Документите во кои BBC имаше увид покажуваат дека во среда е започната постапка против Џејмс Ли Данкан Карегер.

Барањето за започнување на стечајна постапка го поднеле правните застапници на британската Даночна и царинска управа (HMRC), а информацијата прва ја објави City AM.

Од HMRC не сакаа да го коментираат конкретниот случај, но објаснија како постапуваат со лицата кои имаат даночни долгови.

„Се трудиме да им дадеме поддршка на клиентите кои имаат даночни долгови и правиме сѐ што можеме за да им помогнеме на оние кои соработуваат со нас да излезат од долгови, вклучително и можност за отплата на рати. Барање за банкрот поднесуваме само како последна опција“, соопштија од HMRC.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска ноќ: Држава со помалку од 100.000 жители ќе има претставник во Конференциската лига

Историска ноќ за андорскиот фудбал се случи во четвртокот, кога Интер Ескалдес го обезбеди…