Дома Фудбал Се е решено: Леао ќе игра во Галатасарај

Се е решено: Леао ќе игра во Галатасарај

Сѐ околу трансферот на Рафаел Леао од Милан во Галатасарај е 100% договорено и Португалецот ќе ја продолжи својата кариера во турскиот гигант, соопштуваат новинари како Флориан Плетенберг и Џанлука Ди Марцио.

Договорот е вреден 45 милиони евра, од кои два милиони се во форма на бонуси. Милан ќе добие и 20% од евентуалната идна продажба на крилниот играч.

“Росонерите” долго се обидуваа да го продадат Леао, и беа подготвени да ги прифатат понудите од Галатасарај, како и од Астон Вила. Сепак, самиот играч имаше извесни двоумења каде да продолжи. Сега тој ги прифати условите кои му ги понуди “Џим Бом”. Португалецот ќе потпише договор до 2030 година, со годишна плата од 10 милиони евра плус бонуси.

Понудата на Галатасарај кон Леао беше подобра од таа на Астон Вила, што го дефинира решението на Португалецот. Се тврди дека Бирмингамците беа подготвени да му плаќаат 7 милиони евра годишно на Португалецот и одбија да ја зголемат понудата.

Леао ќе лета за Истанбул во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово е! Деко и Флик донесоа одлука за напаѓачот!

Според информациите кои ги донесува шпанскиот Ел Паис, Барселона сепак би можела да остане…