Дома Фудбал Останато Бронза за Миљана Рељиќ во Кина!

Бронза за Миљана Рељиќ во Кина!

По настапот и елиминацијата во четвртфиналето на Медитеранските игри, најдобрата македонска таеквондистка Миљана Рељиќ брзо се фокусираше на нов предизвик. Таа имаше одличен настап на Отвореното Светско првенство Г-4 во Таијуан, Кина, каде што освои бронзен медал.

Рељиќ настапи во категоријата до 62 килограми, во конкуренција на 43 таеквондистки, а до медалот стигна со три победи.

На стартот Македонката убедливо со 2-0 ја совлада домашната натпреварувачка Јијао Санг. Во следната борба беше подобра од Узбекистанката Мохидил Уктамјонова, која ја победи со 2-1. Место на пиедесталот Рељиќ обезбеди по уште еден триумф со 2-1, овојпат против претставничката на Тајпеј, Чиа Веи Ванг.

Бронзата од Таијуан носи и значајни бодови за македонската таеквондистка во нејзината борба за што подобар пласман на олимписката ранг-листа и обезбедување настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одбојкарите со истурање на вода испратени на Европското првенство (Фото)

Македонската одбојкарска репрезентација денеска замина на Европското првенство Софија, Буг…