Дома Фудбал Aрсенал тргнува по напаѓач на Реал Мадрид!

Aрсенал тргнува по напаѓач на Реал Мадрид!

Актуелниот шампион на Англија, Арсенал, е заинтересиран да го донесе бразилскиот напаѓач Ендрик од тимот на Реал Мадрид, пренесуваат talkSPORT и Sky Sports News.

Тренерот на Реал, Жозе Мурињо, изгледа не сака да се раздели со Ендрик, но Арсенал нема да се откаже лесно и намерен е да вложи максимални напори за да го обезбеди трансферот на Ендрик.

Треба да се напомене дека минатата сезона бразилскиот напаѓач беше на позајмица во Лион, бидејќи во првата постава на Реал беше тешко да се пробие покрај играчи како Килијан Мбапе и Виницијус Жуниор.

Да потсетиме, Арсенал во моментов располага со двајца напаѓачи – Виктор Ѓокереш и Каи Хаверц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден фудбалски сојуз јавно го поддржа Инфантино

Претседателот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, доби денеска …