Дома Фудбал Aлварез ги шокирал сите во Атлетико – се поајвил со доказ дека страда од депресија!

Aлварез ги шокирал сите во Атлетико – се поајвил со доказ дека страда од депресија!

Аргентинскиот фудбалер Хулијан Алварез ова лето му создава сериозни проблеми на својот клуб Атлетико Мадрид, барајќи да го пуштат во ривалскиот клуб од шпанската Ла Лига – Барселона.

Алварез посакува само да замине во Барселона и откако започна подготовките, одби да тренира инсистирајќи на трансфер, а Атлетико категорично не сака да го пушти во редовите на ривалот.

Челниците на тимот неколку пати го договараа трансферот на Алварез во Арсенал, но тој постојано го одбиваше тоа, а сега се појави во клубот со потврда од лекар кој вели дека страда од депресија.

Алварез три дена без прекин не тренирал со екипата, продолжувајќи го така оваа долгогодишна сага, но овој пат Аргентинецот успеал да обезбеди доказ за неговото отсутство.

Според извештаите, депресијата настанала по конфликти со раководството, каде што наводно низ солзи им кажал дека “подобро би се повлекол отколку да биде уценуван”.

Неофицијални информации од Шпанија откриваат дека Алварез при разговорите доживеал нервозен колапс и паничен напад. Го изразил и неговиот став дека никогаш повеќе нема да го облече дресот на Атлетико Мадрид, со кој има договорната обврска за уште четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандез во Сити може да оди само под еден услов

Челси размислува да го продаде аргентинскиот играч од средината, Енцо Фернандез (25), на М…