
Реал Мадрид ова лето не штедеше. Кралскиот клуб донесе низа звучни засилувања, но веќе по првите две кола од Ла Лига се поставува едно големо прашање – каде е местото на Јан Диоманде, играчот што беше платен дури 125 милиони евра?
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска пристигна на Сантјаго Бернабеу од Лајпциг како едно од најголемите засилувања на летото, но сѐ уште не беше стартер ниту во еден првенствен натпревар.
За неговиот статус се дискутираше во емисијата Ел Ларгуеро на радиото СЕР, каде најмногу внимание привлече коментарот на познатиот новинар Томас Ронсеро.
„Во овој момент не гледам како може да биде во почетниот состав. Ако Диоманде игра, Реал мора да игра многу подиректно, но тогаш се поставува прашањето кој ќе и донесе на екипата креативност и квалитет во изградбата на нападот“, рече Ронсеро.