Вчера силно одекна најавата дека Жоао Кансело (тука) ќе го напушти Манчестер Сити и денес во последниот ден од преодниот рок ќе ја комплетира позајмицата во Баерн Минхен.
Сепак, сега португалскиот новинар, Педро Алмеида објави дека слична ситуација може да се случи и со Бернардо Силва. Португалецот би можел да си замине од Сити по иста формула како и Кансело, позајмица со право на откуп.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Беше блиску Силва до заминување и минатото лето, но остана иако беше незадоволен. Во новата година Пеп повеќе веруваше на тандемот Де Брујн-Гундоган на средината, додека на страничната позиција каде што играч Силва предност добиваше Ријад Марез.
Засега не се открива потенцијалниот клуб на Силва, но поради ситуацијата минатото лето во прв план се споменува Барселоан. Исто така позајмицата е единствениот начин на кој Барселона би можела да го доведе во овој преоден рок.