Дома Фудбал Мануел Нојер изгради луксузна вила: Гаража за осум автомобили и поглед што одзема здив (Фото)

Мануел Нојер изгради луксузна вила: Гаража за осум автомобили и поглед што одзема здив (Фото)

Легендарниот германски голман Мануел Нојер изгради луксузна вила за десет милиони евра.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Ел Еспањол“ открива дека вилата е сместена во Тегернзе, ексклузивна локација 60 километри јужно од Минхен. Околината ја чинат планини и зеленило, со поглед на истоименото езеро. Тоа е област каде цените на имотите се движат над 20 илјади евра по квадрат.

Вилата е градена помеѓу 2015 и 2016 година, а чини околу десет милиони евра.

Станува збор за инвестиција што Нојер ја оправда со иновативен дизајн, а голем дел од трошоците заминаа за стабилизација на теренот поради опасност од свлечишта, како и за панорамска стаклена фасада која овозможува изобилство на природна светлина во внатрешноста.

Фотографијата од вилата можете да ја видите тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалска легенда без милост: Доста ни е од крила што не дриблаат и тимови што само се бранат!

Легендарниот Тјери Анри уште еднаш покажа дека нема влакна на јазикот. Откако фудбалскиот …