Дома Фудбал Бесните Шпанци брутално го нападнаа судијата по натпреварот: Лигата на шампиони е срамота!

Бесните Шпанци брутално го нападнаа судијата по натпреварот: Лигата на шампиони е срамота!

По контроверзното реми меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал, шпанските медиуми не ги штедеа зборовите. Највлијателниот спортски весник „Марка“ објави текст што одекна низ цела Европа, во кој судењето е означено како централен проблем на натпреварот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Првиот меч од полуфиналето на Лига на шампиони заврши со резултат 1:1, но резултатот остана во втор план. Во фокусот беа одлуките на холандскиот судија Дени Макели, кои предизвикаа лавина од реакции.

Марка без задршка го отвори текстот со реченица која доволно говори за тонот на анализата – „Лига на шампиони е срамота“.

Според нивното видување, токму судењето го обележа натпреварот кој, како што наведуваат, ќе се решава во Лондон.

Шпанскиот весник смета дека три клучни ситуации со пеналите суштински влијаеа на текот на дуелот.

Од трите доделени пенали, како што тврдат, судијата посочи на белата точка во корист на Арсенал, додека пеналот за Атлетико не беше досуден. Во текстот се наведува дека технологијата морала да интервенира во две ситуации, но и тогаш не се исправиле сите неправилности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ го казни Тиквеш: Против Скопје фудбалери имале лажни легитимации!

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека Дисциплинската комисија на последната се…