
Додека од Диего Симеоне (56) на теренот секоја сезона се очекува да ја измисли повторно играта на Атлетико Мадрид, надвор од фудбалските терени својот живот го гради на недвижности. Со сопругата Карла Переира, Симеоне има изградено царство на недвижности со седиште во Мадрид, кое брои 180 станови и седум сопствени згради, портфолио споредливо со оние на специјализираните инвестициски фондови, пишува Ел Еспаньол.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Царството им е концентрирано во компанијата „Карперсим СЛ“, преку која насочуваат поголем дел од инвестициите во станбени недвижности и која се профилирала како најзначаен деловен крак на брачниот пар. Според финансиските извештаи поднесени во Трговскиот регистар, имотот на компанијата се приближува до сумата од 40 милиони евра.
Од тоа, речиси 13.8 милиони евра се евидентирани како инвестиција во недвижности, а повеќе од 19 милиони евра како материјален имот. Овие податоци покажуваат до кој степен приходите од фудбалот ги претвориле во долгорочен имот, наведува шпанската медија.