Дома Ракомет Лазаров го објави поширокиот список за битката за Светско првенство (Фото)

Лазаров го објави поширокиот список за битката за Светско првенство (Фото)

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го соопшти проширениот список на играчи за претстојниот бараж двомеч со Словачка, кој ќе решава за пласман на Светското првенство во 2027 година.

На листата се најдоа вкупно 35 ракометари, меѓу кои и тројца интернационалци. Од странските првенства повик добија голманот Мартин Томовски, кој настапува во Германија, како и бековите Филип Талески од Унгарија и Мартин Карапалевски од Шпанија.

Македонија ќе ги одмери силите со Словачка во мај – првиот натпревар ќе се игра на гостински терен на 13 мај, додека реваншот е закажан за 17 мај во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид со 16 гола разлика ја запиша шестата лигашка победа

Охрид го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 35:19, откако уште до одморот создаде двоцифрена п…