Дома Фудбал Како сето ова успеал да го внесе на стадионот? Виралниот навивач на Атлетико пак правеше сендвичи (Видео)

Како сето ова успеал да го внесе на стадионот? Виралниот навивач на Атлетико пак правеше сендвичи (Видео)

Среде натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1), фокусот на гледачките очи го привлече навивач кој што токму во трибините правеше сендвичи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Атлетико и Арсенал завршија нерешено 1:1 во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите. Иако натпреварот беше исполнет со емоции и возбуда, не достигнуваше интензитетот како она што го видовме во другиот дуел помеѓу Пари Сен Жермен и Бајерн (5:4). Сепак, овој навивач се истакна успевајќи да го примами вниманието на сите.

Овој навивач на Атлетико познат од порано по исто таква сцена, повторно ги извлече своите материјали и почна со правење на сендвичи среде мечот.

Опремен со сè што му треба, тој полека ги редеше сендвичите, спремен за вкусен оброк како од хотелска кујна.

Изработи неколку сендвичи со шпанска пршута, наречена и хамон, кој е познат деликатес и типичен за шпанската кујна. Хамон се користи во правење на разновидни тапаси кои се омилени низ целиот свет.

Многумина се импресионирани и збунети од неговата иновативност, но на сите им останува мистерија како успеал да внесе сета таа опрема на стадионот, вклучувајќи и нож за сечење на пршутата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рано почина татко му, беше сиромашен и го киднапираа: Сега е познат по нокаутот во Шпанија (Видео)

Името на Аргентинецот Естебан Андраде (35) последниве денови ги полни насловните страници …