Според повеќе извори од Англија, Жоао Кансело ќе си замине од Манчестер Сити и ќе го засили Баерн Минхен.
Најавите се дека Кансело во Баерн ќе пристигне на позајмица со опција за перманентен трансфер. Изминативе сезони Кансело се промовираше како еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, но и еден од најдобрите бекови во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатата година потпиша договор до 2027 година, меѓутоа сега наводно влегол во расправија со Пеп Гвардиола. Повеќе познати новинари и реномирани медиуми пренесуваат дека Кансело во финишот од преодниот рок ќе направи изненадувачки трансфер.
Најавите се дека десниот бек ќе се пресели во Баерн Минхен на позајмица до крајот на сезоната, а баварците ќе добијат право и во целост да го откупат на крајот од сезоната.