Дома Фудбал Винисиус или Мбапе: Вака повеќе не оди, еден од нив мора да замине!

Винисиус или Мбапе: Вака повеќе не оди, еден од нив мора да замине!

Реал Мадрид се наоѓа во прилично растурен систем по втората сезона по ред во која не е освоен трофеј. Се оди толку далеку што многу мислат дека Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе не можат да играат заедно и дека еден мора да замине од клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одредени луѓе од раководството на Реал Мадрид сметаат дека во клубот нема место за една од двете ѕвезди – Винисиус Жуниор или Килијан Мбапе.

Извори блиски до кралскиот клуб носат навистина неверојатни информации. Многу во клубот би се ослободиле од еден од нив во текот на летото, но засега претседателот на клубот Флорентино Перез не сака да слушне за таков развој на ситуацијата.

„Постојат луѓе во Реал Мадрид кои веруваат дека партнерството Винисиус Жуниор – Килијан Мбапе не функционира и дека еден од нив мора да замине од клубот ова лето“, се вели и се додава:

„Претседателот на клубот Флорентино Перез не го дели истото мислење. Уверен е дека може да изгради победнички тим со двајцата во тимот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…