
Името на Аргентинецот Естебан Андраде (35) последниве денови ги полни насловните страници на спортските медиуми, но не во добар контекст. Голманот на Реал Сарагоса беше исклучен во арагонското дерби од втората шпанска лига против Уеска, а снимката на која со песница го удира противничкиот играч Пулидо ја обиколи светот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дисциплинската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз го оцени потегот на Андрада како „насилен и агресивен“ и го казни со 13 натпревари забрана за настап. Аргентинецот се извини по натпреварот. Тој изјави дека со своите постапки „ја преминал границата” и се извини директно на играчот кој го удри, Хорхе Пулидо, додавајќи дека е подготвен да прифати секоја казна што ќе ја добие.
Животот на Андраде суштински се промени кога имаше 12 години. Додека другите деца сонуваа за фудбалски успеси, тој мораше да се соочи со смртта на татко му, кој загина во сообраќајна несреќа. Тоа беше не само емоционален удар.
Неговата мајка Грасиела и петте браќа и сестри останаа во исклучително тешка финансиска ситуација. Естебан, тогаш мало дете, сфати дека неговите раце нема да служат само за одбрана на удари, туку и за издржување на семејството.
Пред да го почувствува тревникот на Ла Ромареда или мистиката на Ла Бомбонера, Андрада ја запозна суровоста на сонцето во Мендоза. Години наназад работел како береч на грозје, што е една од најтешките работи во аргентинското земјоделство.
.A Spanish goalkeeper from Spain’s 2nd division punched an opponent in the face. 😮pic.twitter.com/J1TTKWbcJM
— Viralitity (@Viralitity) April 27, 2026