Дома Фудбал ФФМ го казни Тиквеш: Против Скопје фудбалери имале лажни легитимации!

ФФМ го казни Тиквеш: Против Скопје фудбалери имале лажни легитимации!

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека Дисциплинската комисија на последната седница донела одлука за санкционирање на екипата на Тиквеш поради неправилности на натпревар од Младинската Супер лига.

Станува збор за дуелот од 23. коло против Скопје, на кој кавадаречкиот тим настапил со повеќе играчи што користеле неточни лични податоци и фалсификувани легитимации.

Поради прекршокот, Тиквеш е казнет со парична глоба од 1.000 евра, а на младинскиот состав му се одземени и три бода.

Дополнително, санкции доби и службеното лице на клубот на тој натпревар, Трајче Димитриев, кој ќе биде суспендиран од извршување на функцијата во период од 18 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taжна сцена од Мадрид: Мурињо ја понижува ѕвездата на Реал!

Ендрик ова лето се врати во Реал Мадрид со големи очекувања. Веруваше дека ќе биде важен и…