Дома Фудбал Се огласи УЕФА: Еве зошто Арсенал не добил втор пенал против Атлетико (Видео)

Се огласи УЕФА: Еве зошто Арсенал не добил втор пенал против Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Арсенал играа нерешено во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, а конечниот резултат беше 1:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ремито на стадионот Ванда Метрополитано го остави отворен исходот пред реваншот во Лондон, а натпреварот беше обележан со пенали.

Досудени беа дури три пенали, од кои еден беше поништен по интервенција од ВАР собата, што предизвика незадоволство во редовите на Арсенал.

Судијата Дени Макели досуди пенал во финишот на натпреварот откако Давид Ханчко го нагази Еберечи Езе по стапалото и тој падна во шеснаесетникот.

Следеа енергични протести кај домаќините, по што беше повикан ВАР кој ја смени одлуката на холандскиот арбитар.

И по завршувањето на натпреварот, во Арсенал останаа гневни поради оваа одлука, што доведе УЕФА да излезе со кратко објаснување.

“Играчот на Атлетико со број 17 не направи прекршок врз противникот”, стои во официјалното соопштение на УЕФА, без дополнителни детали за процесот на донесување на одлуката, и покрај големиот интерес на јавноста.

Во меѓувреме, Арсенал смета дека очигледно постоел контакт помеѓу двајцата играчи и дека Езе бил фаулиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стивен Џерард е пред враќање во Англија!

Барнли остана без тренер откако беше постигната заедничка согласност за раскин соработката…