Дома Фудбал Италија УЕФА потврди: Италија е во игра за девет екипи во европските натпреварувања!

УЕФА потврди: Италија е во игра за девет екипи во европските натпреварувања!

Правилата на УЕФА се јасни, но за сите љубители на фудбалот беше големо прашање дали Италија следната сезона ќе има осум или девет претставници во Европа.

Џорџо Маркети зборуваше по тој повод и истакна дека доколку Фиорентина заврши под седмото место на табелата во Серија А (што е сигурно и го победи Олимпијакос во финалето на Конференциската лига, следната сезона ќе игра во Лига Европа.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Тоа значи и дека во Европа ќе играат дури девет екипи од Италија.

На деветтото место во Серија А во зависност од развојот на настаните во последното коло може да се најдат Наполи или Фиорентина.

Доколку Фиорентина и Аталанта слават во финалето на европските купови, во тој случај шест италијански екипи ќе играат во Лигата на шампионите, седмата, осмата и Фиорентина ќе играат во Лига Европа, а деветтата во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фернандеш имаше порака за сите кои го критикуваат Роналдо

Кристијано Роналдо не постигна гол за Португалија и во вториот натпревар на ова Европско п…