Дома Фудбал Останато УЕФА направила преседан и на сила го ставила Роналдо во најдобриот тим?

УЕФА направила преседан и на сила го ставила Роналдо во најдобриот тим?

Фудбалските фанови го изгласаа УЕФА тимот на годината кој беше објавен вчера и тој е во формација 4-2-4.

На голот е Алисон, во одбраната е четворка од десно на лево: Трент Александер-Арнолд, Матијас Де Лихт, Ван Дајк и Енди Робертсон.

Во средината се: Френки Де Јонг и Кевин Де Брујн. Место во офанзивната линија добија Лионел Меси, Роберт Левандовски, Кристиано Роналдо и Садио Мане.

На прв поглед тука нема ништо чудно, но „Дејли Мејл“ пишува за преседан на УЕФА. Наводно луѓето во оваа организација на сила го ставиле Роналдо во тимот.

УЕФА ја променила формација од 4-3-3 во 4-2-4 па така Н’Голо Канте го изгубил местото иако имал повеќе гласови од Португалецот. Бидејќи во формацијата 4-2-4 има место за двајца играчи во средината Канте местото му го препуштил на изненадувчки четвртиот напаѓач, Роналдо.

„Ова навистина не е добро. Тоа е лажирање на гласовите. Поради популарноста на Роналдо се огласи алармот и резултатот на тоа е промена на формацијата. Се прашувам што уште можат да направат?“, изјави за „Дејли Мејл“ неименуван извор близок на УЕФА.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатна грешка на Ноер за која долго ќе се зборува (видео)

Баерн Минхен го пречекува „фенерџијата“ Падерборн и на полувремето резултатот е 1:1. Домаќ…