Дома Фудбал Останато Италијанец ја има една од најчудните фризури во спортот: Му кажав на фризерот, прави што сакаш…(Видео)

Италијанец ја има една од најчудните фризури во спортот: Му кажав на фризерот, прави што сакаш…(Видео)

Европското првенство во атлетика во Бирмингем, Англија, ја воодушеви публиката оваа недела, кога италијанскиот спринтер Филиппо Деза го привлече вниманието на сите на стазата.

Деза учествуваше во трка на 200 метри и дури и победи, но неговата фризура беше она што навистина го направи фокус на разговорите.

Фризурата на Деза, за која обожавателите велат дека е најлошата што некогаш ја виделе, личи како некој да се забавувал со машинката за шишање на неговата глава.

Некои делови од неговата коса беа потполно избричени, додека други беа оставени нетакнати, а Деза потоа објасни што всушност се случило.

„Тоа е традиција што ја следам со моите колеги од италијанскиот национален тим. Се надевам дека ќе ми донесе среќа. Бидејќи првпат сум дел од националниот тим, ова е некаков ритуал на добредојде за новодојденците“, објасни Деза.

Понатаму откри што му кажал на фризерот.

“Му реков: ‘Слушај, направи што ќе сакаш, нема врска, пак ќе ми порасне косата. Само ќе се забавуваме.’ И така и направија. Наскоро ќе морам повторно да се шишам, веројатно ќе ја избричам целосно главата. И се надевам дека ќе донесе малку среќа“, истакна италијанецот.

Продолжи со шала.

“Сигурно ќе имам помал воздушен отпор во трката, тоа е сигурно! И се надевам дека ќе дува повеќе ветер кој ќе ме поттурне одзади.“

Деза успешно се квалификува во полуфиналето откако победи во својата квалификациска трка со време од 20.60 секунди.

Потоа, во петокот, се пласираше во финалето со време од 20.35 секунди во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одбојкарите со истурање на вода испратени на Европското првенство (Фото)

Македонската одбојкарска репрезентација денеска замина на Европското првенство Софија, Буг…