Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА во проблем: Ќе ја тужат скоро 2.000 навивачи

УЕФА во проблем: Ќе ја тужат скоро 2.000 навивачи


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Скоро 2.000 навивачи ќе отворат тужба против УЕФА поради хаосот на овогодинешното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Финалето во Лигата на шампионите започна со задоцнување од 35 минути затоа што голем број навивачи на Ливерпул не успеаа да влезат на стадионот на време поради целиот хаос кој се случуваше.

Навивачите преку своите адвокати бараат оштета за своите физички и психички повреди кои ги претрпеле поради како што велат пропустите на организаторот кој требало да обезбеди на стадионот да влезат само тие со важечки билети.

Оштетените фанови тврдат дека не биле жртви само на пропустот на организаторот туку станале мета и на крадците во Париз кои шетале околу нив и ги напаѓале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Наполи и сопственикот…