Дома Фудбал Крај на приказната: Артета избрка еден од дефанзивците на Арсенал

Крај на приказната: Артета избрка еден од дефанзивците на Арсенал

Фудбалерот на Арсенал Такехиро Томијасу спогодбено го раскина договорот и ќе го напушти лондонскиот клуб.

Јапонскиот фудбалер се опоравува од операција на коленото, откако одигра само шест минути минатата сезона, пренесе денес Би-Би-Си (BBC).

Тој ќе се опоравува уште околу пет месеци, по операцијата на која беше подложен во февруари.

Томијасу го пропушти почетокот на минатата сезона поради претходната операција на коленото извршена во 2023 година. Договорот на 26-годишниот фудбалер ќе истечеше на крајот од следната сезона.

Томијасу во 2021 година од Болоња премина во Арсенал, за кој одигра 79 натпревари.

Управата на Арсенал бара засилувања во одбраната ова лето и е заинтересирана за бекот на Валенсија Кристијан Москера.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По две минути повторно се повреди, но не се откажа: Бјорн ја доби најтешката битка

Натали Бјорн помина низ две последователни рехабилитации и моменти кога сакаше да се откаж…