Дома Фудбал Неколку европски гиганти добија сериозни казни од УЕФА

Неколку европски гиганти добија сериозни казни од УЕФА

Низ неколку од големите екипи во Европа, имаат добиено сериозни финансиски казни од УЕФА за нарушување на Финансискиот ферплеј, информира авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо.

Англискиот Челзи доби најголема казна од 20 милиони евра. Англичаните често се обвинувани за огромните трошоци на трансферниот пазар во последните години откако дојдоа американските сопственици.

Барселона доби исто така сериозна казна во износ од 15 милиони евра. Каталонците исто така не се во блескава ситуација и веќе неколку сезони се борат со сериозна финансиска криза, иако се надеваат дека во следните недели повторно ќе можат да ги исполнат критериумите на Ла Лига за трошоци во шемата 1:1.

Следуваат уште неколку екипи, меѓу кои е Лион (12,5 милиони евра). Францускиот тим е во тежок финансиски период од некое време. Потоа следуваат Астон Вила со казна од 11 милиони евра и Рома, кои добија казна од 3 милиони од европската валута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години во втората лига на Андора, сега во нападот на Мексико!

Армандо Леон преку проба стигна до договор со Осиек, а со пет гола и две асистенции го при…