Дома Фудбал Франција Тренерот на ПСЖ го брани Меси: Не може тој да биде виновен за однесувањето на Мартинез

Тренерот на ПСЖ го брани Меси: Не може тој да биде виновен за однесувањето на Мартинез

Лионел Меси се очекува наскоро да пристигне во Париз по одморот за освојувањето на светската титула со Аргентина.

Во ПСЖ можеби малку стравуваат од реакцијата на Французите поради гестовите кои се случуваа на прославата, посебно од голманот Емилијано Мартинез. Мартинез на различни начини испраќаше провокации до соиграчот на Меси од ПСЖ, Килијан Мбапе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дел од јавноста во Франција смета дека Меси како соиграч на Мбапе требало да реагира. Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие сепак потенцира дека Меси не може да биде виновен за однесувањето на голманот.

„Не сакам да зборувам за аргентинската прослава, тоа е нивна работа. Ниту пак сакам да зборувам за односот на нивниот голман.

За мене најважно беше кога видов во финалето како Килијан и Лео се држеа за рака, како и односот на Килијан по мечот и пред доделувањето на трофејот. Тој му честиташе на Меси и на селекторот на Аргентина“,

„Не беше Лео тој што зборуваше лошо и правеше лоши гестови, тоа мора да го тргнеме на страна, не треба него да го мешаме со однесувањето на аргентинскиот голман. Ниту пак јас треба да го коментирам тоа“.

„Килијан имаше одличен став по поразот, беше многу разочаран, но знаеше да му честита на Лео со голема класа и тоа за ПСЖ е многу добро“, изјави Галтие.

Ќе потсетиме, Мбапе иако играше во финалето веќе се врати во ПСЖ и продолжи со тренизните, враќањето на Меси не е прецизирано кога ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…