Дома Фудбал Тинејџерот кој вреди 100 милиони евра веќе го избрал новиот клуб!

Тинејџерот кој вреди 100 милиони евра веќе го избрал новиот клуб!

Познатиот африкански фудбалер Јан Диоманде, кој имаше одлична дебитантска сезона во Бундеслигата, според сите индиции, ќе го напушти Лајпциг и веќе навестува дека би сакал да облече дрес на европскиот шампион Пари Сен Жермен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одличниот фудбалер на крилната позиција, кој минатото лето пристигна во Германија се отвори во интервју за француски медиуми, потенцирајќи ја нераскинливата врска која ја создава со ПСЖ.

И преку семејната врска, и поради францускиот јазик кој му е близок бидејќи потекнува од Брегот на Слоновата Коска.

“Пари Сен Жермен е тим кој го сакам од детството. Мојот татко е навивач на Пари Сен Жермен, и тоа е тим на кој му се восхитувам како фудбалски навивач. Би ми било чест да дојдам и да играм тука во еден од најголемите клубови. Секогаш е убаво да се дојде овде затоа што се зборува француски, мислам дека приспособувањето не би било тешко. Но, зошто да не?”, изјави крилниот играч на Лајпциг.

Имајќи предвид дека неговиот договор со тимот од источна Германија истекува во летото 2030 година, јасно е дека во Саксонија ќе размислуваат за што подобра отштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот останува во Англија – ќе тренира друг тим од Премиер лигата

Поранешниот тренер на Ливерпул, Арне Слот, би можел многу брзо да се врати во Премиер лига…