Францускиот голгетер Килијан Мбапе одново не беше дел од репрезентацијата на Франција за ноемврискиот собир.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако прво беше соопштено дека се рехабилитира од повреда подоцна се потврди дека ситуацијата помеѓу него и Франција не е најчиста.
Новинарот Ромен Молина пренесува дека е можно Мбапе да не сака да игра за Франција додека Дешамп селектор, но постојат и информации кои говорат дека одлуката ја донеле Дешамп и Мбапе заедно, иако фудбалерот сакал да настапи.
„Л’Eкип“ пренесува дека ситуацијата со Мбапе посложена отколку што јавноста е запознаена и наводно психичките проблеми се пречка да биде во тимот.
Засега оставен е простор за надминување на проблемите, меѓутоа Мбапе во наредниот период нема да биде капитен на Франција. Во последните два месеци капитенската лента беше на раката на: Канте, Чуамени и Конате.