Дома Тикет на денот Тикет на денот (среда, 17.04.2024)

Тикет на денот (среда, 17.04.2024)

tiket na denot

Вечер ќе ги дознаеме ½ финалните парови од Лигата на шампиони. Се играат двата преостанати реванши од ¼ финалето на ова натпреварување, но и останатата понуда е солидна. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Баерн Минхен – Арсенал – ГГ3+ @ 1.90 во Mozzart

За Баварците ЛШ остана како единствена шанса за сезоната да не биде катастрофална. Останаа без титула во Германија после 11 години, а од домашниот куп испаднаа од третолигаш. Засега добро им оди во елитното натпреварување и до ¼ финалето стигнаа убедливо со сите победи и минимален пораз од Лацио во 1/8 финалето. Во првиот натпревар со Арсенал изиграа 2-2, но тоа не е лош резултат. Гостите пак не се во некое добро расположение бидејќи во неделата беа поразени од Астон Вила и тоа во момент кога можеше да ја преземат лидерската позиција. Наш предлог за овој натпревар е ГГ3+ со квота 1.90 во Mozzart.

Олимпија – Марибор – ГГ3+ @ 2.05 во 22Bet


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првенството во Словенија е решено веќе пет кола пред крајот. Цеље има 12 бода повеќе од актуелниот првак Олимпија и тоа не е разлика која може лесно да се надомести. Домаќините играат солидно оваа сезона и евентуалниот пласман во квалификациите за Европа би бил одличен успех. Марибор е на третата позиција и после серијата победи запишаа реми во последното коло, а мора да нагласиме дека исто така имаат солидна предност на 3-то место. Двете екипи играат отворено и ефикасно, па очекуваме голови. Типуваме ГГ3+ со квота 2.05 во 22Bet.

Омонија – Арис Лимасол – 1Х @ 1.53 во Bet365

Тимот од Никозија веќе во првиот натпревар во Лимасол создаде недостижна предност и е на чекор од пласманот во финалето на Купот на Кипар. Дури 3-0 беше за Омонија во првиот натпревар и сега нивна обврска е да ја сочуваат таа голема предност. Арис е на 4-та позиција во домашното првенство и во многу лош период завлегоа во серија лоши резултати. Како и да е, на овој реванш веруваме дека немаат шанси за победа, па затоа се одлучивме да типуваме 1Х со квота 1.53 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.96

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 18.05.2024)

Ова е веќе последен викенд за некои лиги за оваа сезона, па следува паузата до почетокот н…