Дома Тикет на денот Тикет на денот (сабота, 09.03.2024)

Тикет на денот (сабота, 09.03.2024)

tiket na denot

Денес се игра ширум Европа и понудата за кладење е навистина импресивна. Се надеваме дека правилно ќе ја искористиме. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Арсенал – Брентфорд – 1/1 @ 1.80 во Mozzart

Арсенал „гази“ се пред себе. Најдобар доказ за тоа ни се резултатите од последните два натпревари каде што запишаа две високи победи против Њукасл и против Шефилд. Пред тоа беа поразени во Лигата на шампиони од Порто со минимален резултат, па тоа натпреварување ќе се обидат да го продолжат преку реванш натпреварот кој е идната седмица. Брентфорд од друга страна после победата над Волвс, запиша четири последователни неуспеси каде што три пати беа поразени и еднаш ремизираа. Ние овде типуваме 1/1 со квота 1.80 во Mozzart.

Лориен – Лион – ГГ @ 1.75 во 22Bet


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лориен благодарение на добрите игри во последно време ја напуштија црвената зона и сега се наоѓаат на сигурно, но далеку се од фактот дека и следната сезона ќе играат во француската елитна лига. Лион имаше дефинитивно голема криза, но таа им е надмината. Беа во одлична победничка серија, а за жал во последното коло претрпеа пораз од Ленс. Овде на двете екипи бодовите им се потребни, па очекуваме отворен натпревар и најмалку по еден гол на двете страни. Коефициентот за ГГ во 22Bet изнесува 1.75.

Болоња – Интер – 2 @ 2.05 во 20Bet

Болоња оваа сезона игра фантастично, а ако продолжат со вакво темпо дефинитивно ќе се замешаат во борбата за Европа, а евентуалниот пласман за овој тим би бил огромен успех. За противник во оваа рунда го имаат тимот на Интер, кој важи за еден од најголемите фаворити за Скудето оваа година. Тимот од Милано е во фантастична форма и игра многу добро, па тој успех би бил комплетно заслужен. Колку и да се во добра форма Болоња, на овој натпревар ние сме на страната на Интер. Наш предлог е 2 со квота 2.05 во 20Bet.

Валенсија – Хетафе – 1 @ 2.00  во Bet365

Екипата од Местаља оваа година значително се подобри во однос на претходните неколку сезони кога се наоѓаа на дното на табелата и кога се бореа за опстанок. Овој пат тие се во игра за пласман во Европа, а како што стојат работите достижно ќе им биде само „билетот“ за конференциската лига. Хетафе од друга страна е на средината на табелата и со оглед на нивните амбиции кои се насочени за навремен опстанок, може да кажеме дека се задоволни со досегашниот учинок. Валенсија делува дека е поблиску до победа, па затоа типуваме 1 со квота 2.00 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 12.92

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (среда, 17.04.2024)

Вечер ќе ги дознаеме ½ финалните парови од Лигата на шампиони. Се играат двата преостанати…