Дома Македонски спорт Мак фудбал Супер важно дерби во ВМФЛ-Запад: Вардар и гостува на Воска!

Супер важно дерби во ВМФЛ-Запад: Вардар и гостува на Воска!

Саботата во македонскиот фудбал носи повеќе натпревари од втората лига вообичаено, па така и денес во двете втори лиги не чекаат дуелите од 12. Коло.

Најголемо внимание од сите средби привлекува натпреварот во Охрид каде што Вардар ќе и гостува на Воска. Како што стојат работите Воска и Вардар ќе се борат за тоа второ место кое води во баражот за промоција во ПМФЛ, првото место скоро и да си го обезбеди кратовски Силекс.

Вардар во Охрид гостува токму по поразот од Силекс минатото коло, вардарци беа поразени со гол во последните минути од натпреварот (1:2). Воска пак е во едно мини криза, пред две кола беа поразени од Гостивар, а во дуелот минатото коло одиграа реми со Кораб.

На табелата Воска има 22 бода, Вардар 20, па со евентуалната победа охридскиот тим ќе направи убава предност од пет бода, меѓутоа Вардар со победа ќе ги прескокне. Затоа ова е од оние дуели во кои победата вреди „шест бода“. На претходниот натпревар кој се играше во Маџари Вардар ја доби Воска со 2:0.

Во останатите натпревари од ВМФЛ – Запад се сретнуваат: Силекс – Охрид, Кадино – Тетекс, Беса – Гостивар, Велешта – Кораби.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот на Холандија од мечот со Црна Гора е аматер кој работи во здравство и ракометот му е хоби

Европското првенство во ракомет е различно од претходните, најмногу поради коронавирусот и…