Репрезентацијата на Аргентина на гости кај Парагвај ќе ги продолжи квалификациите за Светскот опрвенство, а пред овој натпревар на еден необичен потег се одлучија од редовите на домаќините.
Имено, Парагвајците забранија носење на било каков дрес со презимето на Аргентинецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите оние кои ќе дојдат на стадионот во негов дрес без разлика дали е клупски или репрезентативен нема да им биде дозволен влез на стадионот.
Информацијата ја потврди првиот човек на парагвајската федерација, Фернандо Виласбоа во изјава за локалната радио станица „Ла Ред“.
„Никој нема да смее да носи аргентински дресови или дресови на странски клуб. Нашата цел е да го обоиме стадионот во боите на Парагвај и фудбалерите да добијат поддршка каква што заслужуваат“, изјави Виласбоа.