Дома Фудбал Готово е: Клоп потпиша договор – познато до кога ќе ја води Германија

Готово е: Клоп потпиша договор – познато до кога ќе ја води Германија

Јурген Клоп постигна договор со Фудбалскиот сојуз на Германија за преземање на репрезентацијата, пренесуваат германските медиуми.

Според информациите што ги објави реномираниот новинар Патрик Бергер, конечниот договор бил постигнат синоќа во Њујорк.

Се наведува дека Клоп потпишал договор кој ќе важи до завршувањето на Светското првенство во 2030 година.

Со тоа, еден од најуспешните германски стручњаци во модерната ера ќе започне ново поглавје во својата богата тренерска кариера.

Клоп зад себе има импресивни резултати постигнати на клупско ниво, поради што со години беше еден од најбараните тренери во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи подготвува промени во одбраната за дуелот со Фрозиноне

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, планира да премине на одбрана со тројца играчи пр…