Дома Фудбал Рома сака да го позајми Гарначо, Челси му одреди цена

Рома сака да го позајми Гарначо, Челси му одреди цена

Крилниот играч на Челси Алехандро Гарначо би можел да ја продолжи кариерата во италијанска Рома.

Според последните информации, „волците“ покажуваат сериозен интерес за 22-годишниот Аргентинец. Италијанскиот клуб се надева дека ќе го ангажира фудбалерот на заем со опција за купување, која може да стане задолжителна при исполнување на одредени услови.

Англискиот тим постави цена од 40 милиони евра за својот фудбалер. Лондонците се подготвени да го разделат со крилниот играч, доколку добијат соодветна понуда.

Во изминатата сезона, Гарначо настапи во 24 натпревари од Премиер лигата, каде што постигна 1 гол и забележа 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хет-трик на Мбапе и голема победа го обележаа враќањето на Мурињо на „Бернабеу“

Реал Мадрид оствари убедлива победа со 4:1 против Реал Сосиедад во натпревар од второто ко…