Дома Фудбал Селекторот на Шпанија: Французите се исто толку загрижени како и ние

Селекторот на Шпанија: Французите се исто толку загрижени како и ние

Шпанија ја однесе победата над Белгија со 2:1 во Инглвуд и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Шпанците го отворија резултатот преку Фабијан Руиз во 30-тата минута. Белгијците израмнија со погодокот на Чарлс Де Кетелар во 41-та минута, а победничкиот гол го постигна Микел Мерино во 88-та минута. Шпанија ќе се соочи со Франција во полуфиналето, а натпреварот е закажан за вторник, 14 јули, во 21 часот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте беше полн со еуфорија по драматичната победа: „Ова покажува каков карактер има нашиот тим во сите околности и ситуации. Повторно морам да изразам колку сум горд што ги водам овие играчи кои имаат желба за напредок. Заслуживме мирно да ја завршиме средбата. Треба да бидеме свесни колку е тешко да се победи и затоа ова треба да се цени.“

Пофалби за стрелецот Мерино

Исто така, го пофали и Мерино кој влезе од клупа и постигна гол кој ги донесе понатаму: „Тој е неверојатен. Поседува толку многу квалитет, светска класа е и може да игра за било кој клуб во светот. Среќни сме што го имаме, знаеме дека секогаш е тука кога ни е потребен.“

На крајот се осврна кон полуфиналниот натпревар со Франција. „Секако дека размислуваме како да ги победиме, но мислам дека и тие се исто толку загрижени. Ние сме единствената репрезентација која ги совладала двапати по ред. Ќе биде судар на две големи екипи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако пропадне Баркола, Ливерпул има план Б!

Ливерпул продолжува со потрагата по засилување во офанзивниот дел од тимот, а приоритет на…