Дома Фудбал Рафаел Леао беше понуден на Тотенхем

Рафаел Леао беше понуден на Тотенхем

Португалското крило на Милан Рафаел Леао беше понуден на Тотенхем, но клубот под водство на Роберто Де Дзерби, засега не покажува интерес за привлекување на напаѓачот. Ова го тврди трансферниот експерт Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот репрезентативец се постави на трансферниот пазар летово, бидејќи во неколку интервјуа увери дека дал сè од себе за „росонерите“ и е подготвен за нов предизвик во кариерата. Леао изјави дека англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига можеби повеќе одговараат на неговиот стил на игра. Сепак, пронаоѓањето клуб подготвен да ја плати дури и намалената цена од 60 милиони евра се покажува како исклучително тежок предизвик.

Се појавија информации дека Тотенхем покажува интерес за португалецот, но според Фабрицио Романо, ситуацијата е токму спротивна. Всушност, посредниците на Леао го понудија на „петлите“, но од лондонскиот клуб не беа особено воодушевени од идејата да го потпишат крилото.

Желбата за разделба изгледа е взаемна, бидејќи договорот на Леао истекува во јуни 2028 година и од Милан немаат намера да му понудат продолжување, со цел да се ослободат од високата плата. Ова практично се потврдува и од зборовите на новиот тренер Рубен Аморим, кој изјави дека „идеалната“ позиција за Кристијан Пулишиќ е одлево во напаѓачкото трио. Тоа е позицијата која во моментот ја зазема Леао, што ги принудува ѕвездата на репрезентацијата на САД да игра оддесно.

Моментално единствениот реален интерес за Леао доаѓа од страна на Бенфика и Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го менува Ноер со „чудо од голман“

Голманот на Парагвајската репрезентација Орландо Гил може да направи трансфер на неговиот …