Дома Фудбал Баерн го менува Ноер со „чудо од голман“

Баерн го менува Ноер со „чудо од голман“

Голманот на Парагвајската репрезентација Орландо Гил може да направи трансфер на неговиот живот. За неговите услуги интерес покажува Баерн од Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


26-годишниот чувар на мрежата го импресионираше сите на Светското првенство. Тој успеа да ја запре и германската селекција во осминафиналето, што може да му донесе потпис на кариерата поради неговите извонредни перформанси.

Гил моментално ги брани боите на аргентински Сан Лоренцо. Тој веќе две години е член на овој клуб, а интересно е дека и целокупната младинска кариера, како и првите чекори во сениорскиот фудбал, ги направи во клубот од Парагвај со исто име.

Останува да видиме дали трансферот ќе се оствари на крајот. Гил би дошол како трета опција оваа сезона бидејќи таму се Мануел Ноер и Јонас Урбиг, па тоа оставува можност Парагваецот да остане на позајмица до наредното лето.

Ноер ќе ја заврши својата кариера следното лето. Урбиг е избран како наследник, но ако Гил пристигне во клубот и го покаже својот квалитет, нештата во Минхен може драстично да се променат.

Скаутите на Баерн го следеа во претходниот период, а неговата мирнотија со топката, рефлексите на блиско растојание и сигурноста во играта еден на еден се оценети како квалитети што совршено одговараат на модерниот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома сака да го позајми Гарначо, Челси му одреди цена

Крилниот играч на Челси Алехандро Гарначо би можел да ја продолжи кариерата во италијанска…