
Бразилецот неодамна влезе во последната година од договорот, заради тоа, доколку не потпише нов, Флорентино Перез сигурно ќе го продаде.
Се шпекулира дека главниот камен на сопнување е што Винисиус сака да биде исто како Килијан Мбапе и верува дека заслужува статус на прва ѕвезда.
Од друга страна, Флорентино Перез не прифаќа никакви уцени, тoa сега е игра на покер. И тоа би можел да го искористи – Арсенал!
Еден од клубовите кој се спомнува е шампионот на Англија, бидејќи Микел Артета ја означи позицијата на левото крило како приоритет.
Со сигурност е дека многу клубови чекаат развојот околу Винисијус, бидејќи доколку дефинитивно не постигне договор, сите ќе тргнат по неговиот потпис на “понижена цена”.
Јасно е дека Перез во одреден момент во случај на понуда ќе мора да прифати да преговара и да ја спушти цената, бидејќи не е невозможно Бразилецот во случај на „војна“ да одлучи да остане до истекот на договорот.