Легендата на англискиот фудбал, Пол Инс му даде интересен предлог на „црвените ѓаволи да го донесат Серхио Агуеро на лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот 10 години е член на Манчестер Сити каде се претвори во легенда и најдобар стрелец во историјата на клубот. Меѓутоа, неговиот договор истекува на лето и големи се шансите да ја промени средината.
„Хари Кејн и Халанд не се единствени варијанти за Манчестер Јунајтед. Серхио Агуеро веројатно ќе го напушти Сити ова лето и зошто Јунајтед да не се обиде да го донесе? Ако Агуеро сака да остане во Премиер лигата, не мислам дека е толку лошо да се пресели во Јунајтед“, истакна Инс.
Овој трансфер е тешко да се претпостави бидејќи Агуеро испиша историја во Сити и тешко дека ќе прифати да се пресели во градскиот ривал.