Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Meси вечерва нема да спие сам, ќе има цимер!

Meси вечерва нема да спие сам, ќе има цимер!

Големо внимание привлече информацијата на медиумите во текот на Светското првенство дека Меси е единствениот аргентински фудбалер кој нема цимер за време на Мундијалот.

Ќе потсетиме, Лео немаше цимер затоа што во репрезентација на овој Мундијал го нема Серхио Агуеро. ,


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лео и Агуеро заедно се од младинските категории, но Агуеро кариерата мораше да ја заврши поради здравствени причини. Лео не сакаше да дели соба со друг фудбалер, па затоа беше сам.

Но, денес аргентинските медиуми пренесуваат дека вечерва Лео нема да биде сам, туку Агуеро ќе биде негов цимер пред финалето со Франција.

Во изминатите денови Агуеро беше присутен во тренинг центарот на „гаучосите“, па така сега паднал договор да продолжи да биде дел од експедицијата и да му прави друштво на својот пријател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…